Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација ушествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон, денеска се сретна со директорката на ЕБРД, Одил Рено-Басо.

За средбата со Рено-Басо, премиерот пишува дека зајакнувањето на економските и трговските односи останува еден од приоритетите на работата на Владата.

-На денешната средба со Одил Рено-Басо, директор на ЕБРД разговаравме за економската состојба во државата, како и продлабочување на соработката и развој на нашата земја. Остануваме посветени за развој и раст на Македонија и сите граѓани, наведува Мицкоски на Фејсбук.