Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицкоски по средбата со коалициционите партнери изјави дека сите и даваат поддршка на претседателскиот кандидат професорката Гордана Силјановска Давкова.

Ние цврсто веруваме и врз основа на целокупната онаа навигација која што ја добиваме од терен, врз основа на сите оние мерливи мерења на јавното мислење дека иден претседател на Република Македонија е професорката Гордана Силјановска Давкова. Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните на Република Македонија, Македонците, Србите, Босанците, Турците, Ромите, Власите и сите останати да ни се придружат и да застанат со нас на 21-ви април масовно да излезат на гласање, да го поддржат кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија”, професорката Гордана Силјановска Давкова да ја подотворат вратата за пораз на заевизмот кој што како ментална матрица во последно време во Република Македонија зафаќа размери, рече Мицкоски и додаде дека на тој начин ќе се подотвори вратата и за организирање на предвремени парламентарни избори, на кои тој е цврсто убеден дека ќе биде поразен заевизмот.

Тој порача: „Ќе ја формираме новата влада и ќе отпочне нова ера за достоинствена, економски преродена, технолошки тигар на Балканот, достоинствена и горда Република Македонија“.