Зоран Заев го потврди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија дека во дел од медиумите плати се добиваат незаконски на рака.

Имено, Мицкоски во гостувањето во „Печат на недела“’ на 1ТВ, му посочи на новинарот Сашо Ордановски дека во некои медиуми дел од плата се дава на рака, по што новинарот Ордановски се почувствува навреден.

-Има еден дел од платите кој се исплаќа во готово. Ќе се потрудиме со градење политики, правиме сериозни анализи, платите да се легализираат. Значи еден дел од платите, како бруто плата се дава, еден дел како додаток се дава во готово. Секако, газдата платил за тоа персонален данок, данок на дивиденда или добивка и сега дава нешто. Треба да се даде бруто плата за да може да ја подигнеме. Не е тоа по име на компании има сектори кои што повеќе го прават, на пример градежништвото има сектори кои што помалку го прават. Има и во медиумите има и во приватните компании и секаков вид на области, има и тоа не е добро, изјави Заев.