Јавните здравствени установи годинава ќе добијат зголемен буџет за сто милиони евра повеќе во споредба со минатата година, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во Општина Кочани.

-Можам да кажам дека јавните здравствени установи ќе добијат буџет за повеќе од сто милиони евра споредено со буџетот минатата година, а ако минатата година буџетот се движеше некаде околу 27 милијарди денари, сега е некаде околу 33,2 милијарди денари или 540 милиони евра, истакна Мицкоски.

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот за транспорт Александар Николоски, кои присуствуваа на доделување клучеви од новата зграда наменета за социјално ранливите семејства во

Тој додаде дека со мартовската плата ќе продолжи исплатата на зголемениот личен доход за лекарите и медицинскиот персонал.

Мицкоски изрази увереност дека конечно граѓаните во здравството ќе ги добијат услугите, кои ги заслужуваат.

Фото: МИА архива