Христијан МИЦКОСКИ
Зарем не беше проблематична „Стабри“ аферата за набавка на вакцини? Зарем треба ние сега да навлеземе и во детали да зборуваме? Не сме ние истражен орган, ние сме опозиција. Ние како опозиција можеме тоа да го обелодениме и да чекаме еден ден кога ќе се промени оваа влада, тие луѓе кои ќе влезат во тие институции, бидејќи сегашните не сакаат, тие да истражат.
Зарем не беа проблематични матните зделки на поранешниот прв човек на ФЗО, Ден Дончев, за кого никој не знае каде е, дали избега со милионите од Македонија?
Да не зборувам за Рашковски, за Зекири и можам безброј вакви примери да редам.
Зарем не се проблематични оние пасоши што се даваа на криминалци. Зарем некој во државава верува дека Вукотиќ дошол, тропнал на шалтер во МВР и службеничката која беше осудена му дала пасош?…
Зарам плантажите со марихуана низ Македонија се туку-така посадени?…
Ќе дојде и тоа, ќе дојде и тоа време, ние како опозиција ќе се бориме правдата да излезе на виделина и ќе излезе еден ден, не можат вечно да се кријат.