ВМРО-ДПМНЕ известува дека посетата и настанот на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски во општина Маврово – Ростуше закажан за денес (16.08.2022 година) во 17:45 е откажан.
-Причини за негово откажување е развивањето на симптоми од Ковид 19 на претседателот Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест, каде што истиот беше позитивен, велат од партијата.
Во текот на денот, Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР тест за вирусот Ковид 19.