Не може да се дозволи на тој што го поддржува договорот од Преспа, да му дадете право да краде, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Не може да е завршен Преспанскиот договор, а ние да сме најкорумпираната и најкриминалната држава во Европа и тоа на 111-то место сме. Не може да е завршен Преспанскиот договор бидејќи не сме земја членка на ЕУ. И не може да е Преспанскиот договор завршен се додека Тони го гледам дома и ми вика во очи, тато носи ме во Македонија, тој така го вика Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Не може додека постои ВМРО-ДПМНЕ да е завршен Преспанскиот договор“, истакна Мицкоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Мицкоски додаде дека Преспанскиот договор нема да биде завршена работа, не може да му се дозволи тој што го поддржува договорот да му дадете право да краде.
„Не може вие да имате двојни стандарди, ако е некој про-Преспа тогаш да му дадете дозвола за убивање, да прави што сака, да краде, да пљачка, да нема реформи, да лаже. Не може. Тоа не го прифаќам“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека тоа е не е дел од неговите вредности. Во Македонија не треба да имаме криминалци во политиката, да немаме корумпирани политичари. Во Македонија мора да владее законот и да има реформи.
Што се однеусва до дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски истакна:
-Ако некој повторно мисли дека ќе се случува 27 април, се лаже. Тоа нема да го дозволиме. ВМРО-ДПМНЕ нема да влегува во стапици како 27 април, време е да се делува мудро.
Мицкоски истакна дека ова е она ВМРО-ДПМНЕ кое треба да биде во 21 век, современа конзервативна десна опција, а ако некој мисли дека со методите од 19 век повторно ќе ги навлече во стапицата како на 27 април, тогаш се лаже, тоа нема да се случи, бидејќи денеска гледаме осудени луѓе преку 200 години во затвор од страна на оваа власт.
– Тоа сакаат да го направат, и тоа преку радикализирани структури, имаат за цел вечно да го таргетираат ВМРО-ДПМНЕ. Така било во 19 век кога биле кодошени војводи и комити, така ббило во 20 век кога македонската дијаспора буквално била следена и прогонувана од тогашните служби, така беше на почетокот на 21 век кога тие испостави во рамките на десницата имаа за цел да ги кодошат состаноците на десната македонска опција. Не може ова ВМРО-ДПМНЕ да не научи од тие грешки, потенцираше Мицкоски.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да носи брзоплети одлуки и тие одлуки кои ќе ги носи ќе бидат современи и на тој начин ќе ја победат оваа примитивна власт.