-Заев води кампања преку три сериозни лоби куќи, а кои се скапо платени со народни пари, кои работат на неговиот имиџ да го покријат неговиот криминал пред светот и во Брисел, но тоа повеќе не му успева, бидејќи му заврши медениот месец сега го следат епитети дека е корумпиран, има криминал и лаже, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Алфа телевизија.

Според него имаат агресивна медиумска кампања да создадат таква перцепција во јавноста, бидејќи политиката е перцепција, а не суштина.

-Има сериозна кампања, двајца соговорници од Брисел велат дека има три сериозни куќи кои работат за имиџот на Заев. Ние како партија проверуваме да ги обезбедиме документите кои се тие три куќи, дали се платени со лични, корпоративни, партиски или државни пари, да видиме кои се тие кои работат за овие луѓе, оти на крајот народот го плаќа цехот, потенцираше Мицкоски.

Тој вели дека влијателните политичари во Брисел велат дека медениот месец на Заев од Преспа е завршен и дека не може вечно да се вози на тоа.

-Во Брисел разговарав со влијателни ликови од европската политика. Ова е нивниот одговор, мислеше дека неговиот меден месец со Преспа вечно ќе трае, но не е така. Три епитети има, дека е корумпиран, дека има многу криминал во државата и дека лаже. Преспа ја завршил за да се спаси во тоа време и да не оди во затвор, но не може на тоа вечно да се вози. Затоа ги добива овие три епитети. Проблемот е што ние како држава ги добиваме истите епитет, истакна Мицкоски