Христијан МИЦКОСКИ
Денеска заедно со потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Александар Николоски, како и секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски остваривме средба со амбасадорот на Европска Унија во Македонија, г-дин Дејвид Гир.
На средбата стана збор за ЕУ интеграциите на Македонија. Ги нагласив ставовите кои ги има партијата и граѓаните на Република Македонија, а тоа е достоинствена интеграција со зачувување на македонскиот идентитет, јазик и култура, а не понижувачки процес со вклучена асимилација.
Укажав дека Владата воопшто не вложува напори за да изнајде решенија како да се пребродат кризите актуелни во Македонија.
Истакнав и дека Македонија оди во многу лоша насока со владата на СДСМ и ДУИ и дека буквално се тоне во кризи. Од катастрофалната состојба излез се само предвремени парламентарни избори кои треба да се случат што побрзо.