Избравме светла иднина за државата и за граѓаните без да го загрозиме македонскиот јазик и идентитет, објави премиерот Димитар Ковачевски.

– Македонскиот јазик ќе е еден од службените јазици на ЕУ без било какви објаснувања, додавки или фусноти. Со започнувањето на преговорите со ЕУ, добиваме стабилност и европска поддршка за економијата. Одлучно продолжуваме да го одиме европскиот пат, бидејќи не постои поголем патриотизам од јасната визија и план за иднината, залагањето за просперитет на државата и на сите граѓани, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.

Овие мисли, кои Ковачевски ги објавува на Фејсбук, се кажани денеска од претседателот на Владата од говорницата на Собранието на Република Македонија на седницата за пратенички прашања.