Мислев дека овој голем ден, христијански празник ќе помине во духот на помирувањето, честа и почитувањето, но за жал СДСМ и Зоран Заев се тука да нѐ потсетат дека за нив нема ништо свето, единствено важен е криминалот и провизиите, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за обвинувањето од СДСМ дека на подмолен начин од Заев ги добил документите за планот на власта за нив клинички центар.
Сигурно ова соопштение го пишувал советникот на тогашниот министер за здравство или смрт (како што тогаш го нарекуваа од СДСМ), а денешен министер во владата на Зоран Заев. Единствено што е “подмолно” господа од СДСМ во овој проект се провизиите кои ги очекувате, но треба да знаете дека додека сум јас претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржам вашите планови за криминал и жестоко ќе се борам против нив.
Го поганите името на австрискиот канцелар Курц, кој истовремено е претседател на нашата сестринска партија АНП (OVP), наведувајќи дека тој го поддржува овој ваш криминален потфат во обид, а за време на изборите во 2016 жестоко го навредувавте и плукавте. Еве ви ветувам дека лично ќе разговарам со него и ќе го запознаам со овој ваш криминален потфат во обид и ќе побарам од него мислење како тоа се трошат минимум 510 милиони € народни пари за 35 странички т.н. физибилити студија и ќе побарам да ми даде еден таков пример во Австрија за да можеме да споредуваме. Познавајќи го, се сомневам дека е вистина тоа што го пишувате во штабските соопштенија…
ВМРО-ДПМНЕ има план за минимум три пати поевтин и пофункционален проект кој ќе биде вистински одговор за граѓаните на Македонија во здравството.
Уште малку ви остана… крајот ви се ближи, а со тоа и одговорноста.
П.С. Штета што со штабското соопштение изгоревте две реномирани европски компании кои сум сигурен дека нема повеќе да сакаат ни телефонски повик да добијат од најкорумираната влада во Европа, владата на Зоран Заев”, пишува Мицкоски.