Во денешното соопштение СДСМ вели дека лидерот на опозицијата на подмолен начин од премиерот Заев го добил планот за изградба на нов Клинички центар во Скопје.

“Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со претседателот на Владата Зоран Заев пред еден месец, пред граѓаните вети дека неговите партиски послушници во парламентот ќе го одблокираат Законот за изградбата на новиот Клинички центар. Очекувано, Мицкоски повторно излажа! Очигледно на Мицкоски целта му била на подмолен начин да дојде до документите кои му беа доставени и истите да ги злоупотребува и да манипулира со податоци. Се што вети на таа средба Мицкоски не оствари, па и понатаму неговата партија во Парламентот блокира 27 Закони кои се од голема важност за граѓаните. Како и Законот за изградба на нов Клинички центар”, се цели во партиското соопштение на СДСМ.

Соопштението на СДСМ доаѓа откако Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ доставило предлог за решавање на проблемот со клинички центар кој ќе чини три пати помалку.

За Мицкоски тоа што Физибилити студијата е „Непостоечки проект“ всушност е направена заедно со помош на австриската влада предводена од Канцеларот Курц. Физибилити студијата е договорена на ниво на Влади на Република Македонија и Австрија, во форма на стручна бесплатна помош за развој и унапредување на здравствениот систем во нашата држава. Таа Физибилити студија е одобрена од Националната Агенција на Австрија – АХЦ (Austrian Health Care Systems & Engineering GmbH).

Клиничкиот центар што требаше да го направи ВМРО ДПМНЕ беа обични интерни клиники и требаше граѓаните да ги чини 120 милиони евра.

Најреномирани европски компании германската „Вамед“ и француската „Буиг констракшн“, ќе бидат вклучени во изградбата на истиот. ВМРО ДПМНЕ да престане да ја манипулира јавноста, да измислува провизии, непостоечки проекти, да лаже и да маипулира.

Законот за изградба на новиот Клиники,предвидува независен финансиски ревизор односно со тој закон да се дозволи девете компании „Вамед“ и „Буиг констракшн“ да дадат една понуда за изградба на Клинички. Пратениците на ВМРО ДПМНЕ знаат дека имаат отворена понуда опозицијата да го води целиот проект, но немаат доблест да гласаат за законот, очигледно спасот на лидерот Мицкоски им е поважен од задравјето на граѓаните, велат од СДСМ.

Според СДСМ Мицкоски ветил дека ќе го поддржи предлогот на Заев и Филипче за новиот Клинички центар а Мицкоски изјави дека генерално дава поддршка но дека конечниот став ќе го даде откако ќе биде направена анализа на предлогот и најдобрите можни решенија.