Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук му честита на изборот на новиот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски и порача дека ги чека многу работа.

– Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го изгласа Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар на партијата. Ѓорѓија Сајкоски е роден во Кичево и е доктор на историски науки. Сајкоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во сегашниот состав на Собранието. Сајко, нека е со успех позицијата, не чека многу работа и заеднички битки. Се до конечна победа над мафијата, напиша Мицкоски.