Вечерва во емисијата на телевизија Клан, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека крајот на август и почетокот на септември би бил добар период за одржување на избори од позиција на заштита на здравјето на граѓаните.

„Факт е дека датата за избори кои што ќе се случат треба да се донесе со компромис. И тука нема никаква дилема бидејќи тој принцип ние го усвоивме уште за време на првата лидерска средбакај претседателот Пендаровски, кога ги закажавме изборите за април месец. За жал тие избори не се случија“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека СДСМ и Заев инсистираат изборите да бидат во јуни бидејќи моментално имаме многу лоша ситуација во државата на здравствен и економски план.

„Ние цениме дека крајот на август, почетокот на септември можеби би биле добри дати за одржување на изборите од позиција на заштита на здравјето на граѓаните“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски образложи дека кај СДСМ мислењето е поинаку, тие ценат дека нивниот министер за здравство има определена симпатија од кај граѓаните и со тоа мислат ќе добијат поголема поддршка од граѓаните. Но има и определена група на граѓани кои нема да излезат од страв од корона вирусот но и бидејќи се разочарани од оваа власт која ветуваше многу но не исполни ништо.

Она што е клучно според него е што во буџетот на Република Македонија нема доволно средства за исплата и помош на македонското стопанство. Покрај фактот што нема доволно средства тој потенцираше дека доколку се распишат избори, вонредните исплати ќе бидат незаконски.

-Еве да речеме дека на 30-ти мај завршува вонредната состојба и ние имаме избори во следните 60 дена, тоа значи околу 30 јули отприлика. Изборниот законик е јасен, ова се вонредни плаќања, члено 8А стапува на сила и тука никој нема дилема. Што значи дека секоја исплата вонредна која ќе се случи во рамките на тие 60 дена, пред денот на гласање, или во случајот распуштање на парламентот, што тогаш се бројат во нормални услови, сега ќе биде по завршување вонредната состојба. Самата уредба вели се суспендира членот 8А со завршување на вонредната состојба престануваат вонредените исплати. Не само што тие не можат ова да го испорачаат туку е и незаконски, вели Мицкоски.

Гарантирањето на долгот на приватните компании кон приватните банки, мерка која е дел од третиот пакет исто така е незаконска, додаде тој посочувајќи дека и самата министерка е свесна дека оваа мерка не е во согласност со законите.

-Ресорниот министер го добива ова прашање и го вели она ја што сега го велам „да свесна сум дека не може ова сега, но ќе направиме одредени закоснки измени“. Тие нудат нешто што не можат законски да го испорачаат, вели тој.