Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Клик плус“ на 21 ТВ говореше и за ветувањата на СДСМ, како сега, така и во минатото.
-Секогаш во историјата кога СДСМ е на власт и кога ветува подобар живот, се сеќавам дете бев. 92-рата не убедуваа, времената референца, се ќе биде супер, остана мајка ми без работа. Потоа не убедуваа на 15-ти септември, сега му е мајката, ако ова помине од утре мед и млеко тече, напротив се случи потоп, афери и во тој период, поголеми немало од 2002 до 2006 година. Сега повторно истата приказна ни се ветува, ама јас морам како политичар, одговорен човек, педагог, пред граѓаните на мојата држава на Република Македонија да ги кажам како стојат работите, изјави Мицкоски.
Тој кажа дека прашањето е манипулативно и одговара на карактерот на оние кои го поставуваат.