МИЦКОСКИ: Штетен договор со Бугарија нема да почитуваме, Ковачевски вешто го штити бизнисот на СДСМ и ДУИ

/ 11.06.2022

Овој договор кој го прави и ако го направи СДСМ кој ќе биде асиметричен, анационален и кој директно ќе задира во идентитетот на мојот народ и на Македонија немам намера во иднина кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи Владата да го почитувам, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

„Прво е билатерален Договор и никогаш нема да се помирам со фактот тој договор да влезе во преговарачката рамка затоа што тоа е дополнителна алатка на Бугарија да не ветуеизира кога сака и како сака“, кажа Мицкоски.

Мицкоски како второ посочи дека имаше тврдењата дека нема отворени прашања меѓу Бугарија и Македонија и запраша како можеше 2008-та година кога требаше Бугарија да влезе во Европската Унија да има изјава дека немаат отворени прашања со соседите? Како можеше кога Македонија влегуваше во НАТО, Владата на Борисов да каже дека нема отворени прашања со Бугарја? Како можеше кога Макрон стави вето поради методологијата, Бугарија никаде да ја нема и да кажува дека има отворени прашања?

Мицкоски потенцираше дека Генчовска кажа дека секоја недела се обраќа во парламентот во Бугарија и ги информира пратениците за преговорите. Ние и кажавме дека со сила ги молиме претениците да доаѓаат, тие не доаѓаат.

„Ако влезе во таа преговарачка рамка овој билатерален Договор односно меѓусоседскиот договор, тогаш некој кој ќе биде на местото на Генчовска, на местото на Петков кога ќе му потреба може секогаш да каже дека оваа комисија за историски факти односно комисијата за историја не е ефикасна и вие го кочите договорот и ќе ве блокираме“, рече Мицкоски.

Што се однеусва до протестот на 18 јуни, тој истакна:

Не сме сите исти, излегуваме на протест затоа што не се живее подобро во Македонија. Граѓаните на сите анкети кажуваат дека треба да се излезе и дека државата оди во погрешна насока, а откако Ковачевски ја презеде Владата, нема ништо добро направено, напротив во Македонија работите станаа полоши, изјави Мицкоски и додаде:

– Поминаа 5 месеци и освен изјави од картончиња јас не можам да кажам што ги одбележа овие 5 месеци на Ковачевски, не може да се каже дека направил добар потег или реформа. Тоа што беше лошо стана полошо и не можам да издвојам нешто добро и тоа е причината зошто излегуваме на протест и зошто ќе има таков протестен период, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде и дека разни структури протестираа во Македонија и неодговорно е ако граѓаните на анкетите велат дека ако велат да излезете и ако велат дека оваа држава оди во погрешна насока, вие да молчите.

– Ако не се излезе на протест и не се бараат промени народот ќе мисли дека сите се исти, ќе си велат ВМРО-ДПМНЕ владее на локално ниво, другите на централно ниво, а народот живее посиромашно, нагласи Мицкоски.

Мицкоски изјави дека Ковачевски не излегол на избори и од државен аспект не застапува политика, туку ги штити бизнис интересите на СДСМ и ДУИ и ревносно ги спроведува

– Прилично е вешт да ги заштити бизнис интересите на СДСМ и ДУИ, потенцираше Мицкоски.

 


Од истата категорија