Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави дека имаат ново парламентарно мнозинство.

„Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство“, посочи Мицкоски.

Со фотографии на кои се наоѓаат тој, Николоски, Африм Гаши од Алтернатива, генералниот секретар на БЕСА, Аријант Хоџа, Арбен Таравари од АА и Халил Снопче, исто така од АА, како и Димитар Апасиев од Левица, Мицкоски потврдува дека е постигнат договор за уривање на Владата на СДСМ и ДУИ, независно од калкулциите на Бихачка за заменик на Заев кој би седнал во неговата фотелја на Илинденска.

Овој состав има 62 пратеници, сосема доволно да се изгласа недоверба на Владата на Заев. Доколку Заев пред тоа и формално поднесе оставка, па ја избегне процедурата за доверба, ова мнозинство го принудува Пендаровски мандатот за нова Влада да и го даде на сегашната опозиција плус тројцата пратеници од БЕСА кои ќе можат да состават нова влада или распуштање на Собранието, зависно од тоа што ценат како поопортуно во моментот и што договориле.