Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на маргините на НАТО самитот, остварил разговор со премиерката на Италија, Џорџа Мелони.
Разговаравме за продлабочена соработка, побарав поддршка од Италија за реализација на стратешкиот интерес за влез на државата во Европската Унија. Разговарав и за можноста за зголемување на економската и трговската размена на двете земји. Мора да се бориме за позициите и државните интереси на секој чекор, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.