Премиерот Христијан Мицкоски информира дека се работи на ветувањето за итно изнаоѓање на решение кое ќе донесе повисоки пензии за над 300 илјади пензионери. Истото, утре ќе се дискутира на владина седница.
-Ден 4: Дадениот збор е светост, обврска и одговорност. Државата мора да се грижи за највозрасните. Во соработка со министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, министерот за социјална политика демографија и млади Фатмир Лимани, посветено работиме на итно изнаоѓање на решение кое ќе донесе повисоки пензии за над 300 илјади пензионери.
Утре, ова исклучително важно решение кое го ветивме на изборите ќе се дискутира на седница на Владата и со тоа ја покажуваме нашата посветеност да испорачуваме резултати и да работиме посветено и за сите.
За тебе! Почнуваме!, пишува Мицкоски на Фејсбук.