Во рамките на престојот во Лондон, премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со неговото кралско височество, Кралот Чарлс III.

Премиерот Мицкоски информира дека средбата со Кралот Чарлс III била искрена и содржајна.

-Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание. Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството, напиша Мицкоски во објвата денеска на нефовиот фејсбук профил.

Во рамки на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес кој се одржува во Лондон, премиерот Мицкоски ќе оствари повеќе средби насочени кон економска и инфраструктурна стратешка соработка со Обединетото Кралство.

Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски