Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски по одлуката на ДСКС.
-Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ. Го обвинија Јован, му судеа и го осудија без притоа да покажат ниту еден доказ. Виновен беше само затоа што е мој син. Останува горчината за лагите на СДСМ и нивните мегафони, посебно што нападнаа тинејџер кој ќе живее, учи и се гради како личност во средина во која политичките лешинари не бираат средства и начин во политичката арена. И тогаш имате морален хазард, истите градат среќа врз туѓото инволвирање во политика, затоа што со реални факти и аргументи не можат. Но вистината победи. Во моето однесување никогаш не сум прекршил закон, тaка и ќе продолжам. А ти синко…, те молам да ми простиш, не си ти виновен што мора сето ова да го живееш. Заедно ќе живееме за да победиме за Македонија и никогаш повторно ова да не му се случува на ниту еден тинејџер во иднина, пишува Мицкоски во својата објава.