Иако имаме различни мислења за одредени теми, иако и често знае да ме критикува, но искрено и човечки давам поддршка за Љупчо Палевски и најостро го осудувам дивеењето по улиците и физичкиот напад врз него, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„И да не се залажуваме, власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент. Наместо европска Македонија, добиваме држава во која мафијата со неистомислениците се пресметува со тупаници и шипки.
Ако владата не го расветли инцидентот во најбрз можен рок, тогаш народот треба да знае како да се самозаштити во иднина“- порача тој.