Поради лажна дојава за поставена бомба вечерва блокиран беше дел од булеварот „Партизански одреди“.

Првично Алсат-М јави дека било пријавена направа која зуела многу силно, а бил направен и безбедносен периметар околу просторот.
Сепак, полициските службеници на терен пред пазарчето Буњаковец пронашле две оставени пазарски ваги.

Во овој момент ситуацијата е нормализирана, а пуштен и сообраќајот по булеварот.