ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи попис како што планира Зоран Заев, затоа што со таков попис ќе излезе дека Македонија има три милиони жители, изјави во гостување на Алфа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Ваков како што е конципиран пописот нема да го признаеме. Затоа даваме предлог, дајте луѓе да набавиме 10 000 терминали, дајте да попишеме резидентно население, а не замислено население. И да знаеме колку население точно имаме“, истакна Мицкоски.

Тој најави дека сите предлози ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преточи во амандмани.

„Ова не може да се сопре со филибастеринг, затоа што има европско знаменце. Треба да ѝ кажеме на јавноста што можеме, а што не можеме. Ние бараме да биде вистински статистичка операција, а нема потреба од два потписа. Еве, да одиме преку ‘фингерпринт’ терминали односно единици каде што ќе се чита отисокот на прст“, истакна Мицкоски.