Вчера бевме сведоци на начинот на кој што беа избрани министрите кои што ќе бидат дел од тимот на Зоран Заев, од Владата на Република Македонија, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој одржа прес-конференција на тема која што претежно ќе ги потенцира економските недостатоци кои што се случуваат и кои што се актуелни во моментов во Република Македонија.

-Веќе трета година се пустоши, се опустошува македонската економија, граѓаните. Целосно фијаско имаме од ова економско цунами кое што е денеска секојдневие и реалност во Република Македонија. Иако за време на ребалансот во 2017-та година, на почетокот на 2018-тата година, на почетокот на 2019-тата година секоја година беше најавувана како практично економска офанзива и економска година. Но, наспроти тоа добиваме економско фијаско, криминал и корупција во нај ситните атоми на македонската администрација предводена од политичката каста на Зоран Заев и СДСМ. Какви се реалните бројки? Ќе зборувам за реалните бројки затоа што едно, едно од бледите оправдувања кои што служат за јакнење на внатре партиската дисциплина на Бихачка, беше дека немало да има предвремени избори затоа што ова била успешна економска година. Имено, какви се реалните бројки, какви се реалните параметри на македонската економија? Ќе започнам од директните странски инвестиции кои што толку пати беа повторувани од страна на Зоран Заев, Анѓушев и кога постоеше економското фијаско трио Тевдовски, дека биле рекордни во 2018-тата година. Тоа беше така. Зборувавме тогаш, ќе зборувам и денеска, затоа што странските инвеститори кои што кои што ги донесоа претходните Влади во Република Македонија, поради зголемените даноци во 2019-тата година одлучија да ја реинвестираат акомулираната добивка и останатите успешни економски параметри. И токму поради тие причини во 2018-тата година имавме солидно ниво на странски инвестиции, оцени Мицкоски.

-Имено, во вториот квартал во 2019-тата година, вкупното ниво на странските директни инвестиции кое што го објави Народната Банка на Република Македонија е 7,6 милиони евра. Од почетокот на годината заклучно со 30-ти јуни, заклучно со вториот квартал во 2019-тата година нивото на странски инвестиции е 48,7 милиони евра. Во месеците мај, јуни имаме дури и одлив имаме негативно салдо на странските директни инвестиции. На пример за истиот тој период нашиот северен сосед Србија има 1,7 милијарди евра Словенија земја која што отприлика има ист број на жители како и Република Македонија има 561 милион, соседна Бугарија 286 милиони евра, додека пак Хрватска само во првиот квартал од 2019 година има 273 милиони евра директни странски инвестиции. Кога сме кај бројките соседна Србија има отприлика 543 евра по жител директни странски инвестиции во првата половина, Словенија 280 евра, соседна Бугарија нешто повеќе од 40 евра, а Македонија скромни 24 евра по глава на жител. Оваа е таа економска година оваа е таа инвестициска офанзива на странските инвеститори кои што доаѓаат во Република Македонија. Се разбира ова е само иронијата и економското фијаско на сега веќе дуото Заев-Анѓушев. Инвеститори во држава каде што се рекетираат бизнисмени, каде што цути криминалот и корупцијата не доаѓаат. Вториот параметар капиталните инвестиции од предвидените 420 милиони евра за оваа година во првите 7 месеци заклучно со 31 јули инвестирани се нецели 105 милиони евра или некаде околу 4 пати помалку од тоа што беше предвидено на почетокот на годината. Но што е тука проблемот. Реализацијата на капиталните инвестиции е на ниво од 24,5 проценти од планираните на почетокот на годината а буџетскиот дефицит, тоа е разликата помеѓу приходите во буџетот и расходите е 53 проценти од планираните на почетокот на годината. Имајќи предвид дека реализацијана на буџетот е 54 проценти што значи дека дефицитот го следи полнењето на буџетот или со други зборови поедноставно касата се полни но парите не се трошат за развој и не се трошат за капитални инвестиции, не дека не знаат тоа е точно дека, не знаат како се води проект менаџер, туку парите кои што вие граѓаните и компаниите ги плаќаат го полнат буџетот се трошат за погрешните и популистички политики на оваа влада која што го приватизираше вашиот државен буџет, рече Мицкоски.

Третиот параметар за кој тој денес говореше на својата прес-конференција е бројот на работници во индустријата.

-Во месец јули бројот на работници во индустријата во 2019-та година спореден со бројот на работници во индустријата во 2018 година е за 2,5% помал, а од почетокот на годината од јануари месец заклучно со јули месец 2019-тата бројот на работници во индустријата е за 1,2% помал отколку тој што бил за истиот период во 2018-тата година, бидејќи нели се фалеа со индустриското производство. Градежништвото, уште една ставка каде што имаме економско цунами, економско фијаско. Имено, од почетокот на годината заклучно со јуни месец, заклучно со вториот квартал во 2019-тата година, извршените градежни работи од македонските компании во странство се за цели 88,5% помали од тие коишто биле извршени за истиот период 2018-тата година. Само во јуни месец 2019 година имаме за 1,5% помалку издадени одобренија за градење отколку во јуни месец 2018 година, а вредноста на објектите за коишто се издадени тие одобренија за градење е за 23% помала отколку за истиот тој месец во 2018 година. Последениот економски параметар којшто сакам денеска, иако ги има на десетици, но да не ја оптоварувам пресконференција, би сакал нели да слушнам и прашања, да одговорам на сите ваши прашања, а бидејќи деновиве се храбреа од СДСМ и Владата дека се полнел буџетот според предвидената динамика, според потребите и така натаму, еве јас ќе ја презентирам, ова е информација којашто ја издава Управата за јавни приходи и ова е информација за периодот јануари и јуни 2019тата година. Зошто токму Управата за јавни приходи? За истиот период во 2018 година. Но каква е реалноста? Реалноста е следна. Во периодот јануари-јули УЈП успеала да наплати 46,7 милијарди денари или тоа е за 8,57% помалку од планираните 51,1 милијарди денари, за тој период од годината. Или наместо зголемувањето од 9,02% сега имаме зголемување од 0,02% во однос на 2018 година. Што значи дека уште една лага на Зоран Заев, уште една лага на владата, уште една лага на министерството е разобличена со бројки коишто самите тие преку УЈП ги издаваат. Јас очекувам повторно сега прес конференција во која што истото папагалски ќе се повторува, но ова се бројки и би сакал идентично на сличен начин да бидат демантирани со официјален документ од истата таа управа или пак да ја прашаме УЈП дали се ова точни бројки. И би сакале ние, а и граѓаните коишто го полнат буџетот, бидејќи буџетот не го полни СДСМ и Зоран Заев туку граѓаните на Република Македонија, да добијат одговор на ова прашање затоа што треба да имаме конечно во Република Македонија одговорна и отчетна влада да каже како се трошат парите на граѓаните, истакна тој.