Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утрово присуствуваше на Божикната архиерејската литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
– Ја користам оваа прилика од Соборниот храм во Скопје на сите верници од православна христијанска вероисповест да им посакам среќен Божик, здравје, среќа, бериќет, насмевки и успеси за нив и за нивните семејства. Новата 2019 година да ни биде на сите многу поуспешна и подостоинствена споредено со изминатата 2018 година, изјави Мицкоски по завршувањето на литургијата.