Светиот Климент пред еден милениум знаел дека само еден грамотен народ е силен и неуништлив. Денес грамотен народ може да се спротивстави на современото зло на корупција и криминалот кој ја уништуваат нашата заедница и држава. Грамотен народ може да се спротивстави на полуписмени самонаречени владејачки елити кои го цицаат својот граѓанин до исцрпување“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски во своето обраќање при настанот „Св. Климент Охридски, стожерот на македонската грамотност“ кој што се одржа во Домот на културата „Билјана Беличанец“
„Криминалот и корупцијата го уништуваат системот. И тоа е старата болка на оваа власт за која зборуваме секојдневно. И по објавувањето на информацијата дека американски истражители ќе дошле да откриваат криминал, навистина се смешни но и трагични оние изјави од власта како тоа истите тие ќе го поддржеле. Сакам да бидам прецизен и јасен, дваесет години имаме една политичка партија која е во власт во Македонија. Дваесет години. Седум години истиот овој министер за внатрешни работи е министер за внатрешни работи. Повеќе од пет години апсолутна власт. Не може луѓето кои што се креатори на истата таа корупција и криминал, кои што се сојузници на криминалците, кои што денеска се уште за волја на вистината уште кратко ги водат тие институции да ги решаваат проблемите со криминалот и корупцијата. Затоа што тие се луѓето кои што се креатори на истиот тој криминал и корупција“, појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека ако се има корумпирани политички елити кои што ја водат државата, тие имаат Ахилова пета, а кога ќе имаат Ахилова пета тогаш не носат одлуки кои што се од интерес на народот и државата туку носат одлуки затоа што тој што ги корумпирал и ги криминализирал и наредува да носат такви одлуки.
„Кога не носите одлука која што е од интерес на народот и државата, тогаш таа се атомизира. Тогаш таа се рони, тогаш идентитетот се губи, и конечно на крај се губи и државата“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Често пати ми го поставуваат прашањето што ќе преземе ВМРО-ДПМНЕ за ова. ВМРО-ДПМНЕ си има своја политика и си има своја програма. Но, не треба многу да лутаме во одговорот една година позади нас, градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ после онаа историска победа на минатогодишните локални избори на два пати во првиот и во вториот круг и тоа е доволен доказ што значи храбро да се работи, посветено и чесно да се работи без ниту една афера која што се поврзува со криминалот и корупцијата. И тоа не се двајца или тројца, зборуваме за повеќе од 42 градоначалника и повеќе од 42 општини каде што ВМРО-ДПМНЕ има свој градоначалник или е дел од локалната власт. Има ли поголем показател што ќе преземе ВМРО-ДПМНЕ“, запраша тој.
Мицкоски посочи дека со корупцијата и криминалот се има помалку пари во буџетите и во Владата, но и во општините. Затоа што тие пари завршуваат во џебовите на криминалците кои што кога ќе корумпираат политичар тие сакаат најмалку десеткратно да се наплатат повеќе од тоа. Затоа се има помалку пари во буџетите на општините, помалку пари во буџетите на државата, помалку пари за образованието. Има и помалку пари за здравството. Има помалку пари за пензии, на пензионерите и тие не можат да го поминат онака како го заслужиле оној дел од својот живот за кој што работеле целиот свој живот. Има помалку пари за земјоделците, затоа што некој тие пари ги краде. Има помалку пари за младите, помалку пари за студентите, помалку пари за студентски стипендии. Има помалку пари за нови градинки, за нови улици, за нови булевари, за нови автопати, за нова железница, за нови хидроцентрали, за нови термоцентрали. Има помалку пари за се. Кога има помалку пари за се, тогаш државата е сиромашна. И тогаш младите одлучуваат да ја напуштат државата. Сега веќе не само младите, туку тие кои што успеале да формираат семејство, заедно со семејствата ја напуштаат државата. И државата се празни.