Вечерва во емисијата „Анализа“ на 24 ТВ, премиерот Мицкоски посочи дека утре ќе се промовира голем проект, а станува збор за инвестиција од 400- 450 милиони евра во енергетиката и нови дополнителни 100 милиони евра за македонскиот бруто домашен производ.
„Утре промовираме голем проект, многу значаен проект, тоа е голема странска инвестиција во делот на енергетиката помеѓу 400- 450 милиони евра. Ја користам оваа прилика еве да дадам една многу важна информација, со тоа производство на електрична енергија од македонскиот ветер практично ќе добиеме енергетски баланс тоа значи колку произведуваме толку и да трошиме. И тоа без да имаме специјални закони во парламентот, без да имаме било какви заднини“, потенцираше претседателот на Владата.