Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали Владата има план да помогне во однос на трошоците за почеток на учебната година, истакна дека на Владата подготвува план за лимитирање на цените на производите коишто се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година.
„Правиме анализа на сите тие трошоци и мислам дека таа во текот на денот денеска ќе биде готова и веќе на утрешната редовна седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите коишто се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, пред сé за родителите, односно лимитирање на цените на производите коишто се најпотребни за да имаме успешен старт на учебната година, но и периодот после летото да можеме да го поминеме“, изјави Премиерот.
Тој истакна дека се надева дека во текот на денешниот ден таа анализа ќе биде готова и предлог мерката ќе биде усвоена на утрешната владина седница.
„Се надевам дека во текот на денешниот ден таа анализа ќе биде готова и ќе излеземе со предлог мерка на утрешната владина седница, а веднаш по завршувањето и по позитивното усвојување на таа владина мерка ќе имаме и прес-конференција и обраќање во јавноста каде што ќе може да ги соопштиме сите овие податоци“, додаде Мицкоски.
Премиерот Мицкоски подвлече дека Владата се подготвува да го олесни трошокот на родителите за успешен старт на учебната година со лимитирање на цените на производите коишто се најпотребни за успешен старт на учебната година.