Скопје мора да стане град на сите луѓе. Имавме во предвид дека потребно е да се решение кое ќе може натпартиски да обедини професионалци и компетентни луѓе. Токму затоа ИК, а потоа и ЦК донесе одлука ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи идниот градоначалник на Град Скопје, а тоа е Даниела Арсовска, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.
„Жена која го предводи Сојузот на стопснки комори на Македонија.
Прогласена е за најдобар женски во деловниот свет во југоисточна Европа.
Убеден сум дека го имаме идниот градоначалник на Скопје. Да се обединиме сите околу жената која ќе го креира идниот развој на Скопје.
Скопје заслужува силна жена за градоначалник, која ќе ги штити интересите на градот.
Убеден сум дека Даниела ќе победи во оваа трка најзначајна за Скопје“, кажа Мицкоски.