МИЦКОСКИ ВО „АУДИ“: После 12 април ќе покажеме што можеме да им понудиме на овие производители!

/ 22.11.2019

Денешниот престој во Лајпциг на Конгресот на Германската демократска унија, покрај политичките состаноци, ќе имаме и состаноци со извршните директори и претставници на најголемите германски производители на автомобили, но и други производители од машинската и електро индустријата, изјави Христијан Мицкоски, председател на ВМРО ДПМНЕ.

На тие состаноци, наша цел е на опозиција која што си ја сака државата, како опозиција која што покажува пример како треба да се работи за државата во опозиција, но истовремено и да ги понудиме нашите капацитети човечки и професионални, но и економски. После 12 април 2020 година да покажеме што е тоа што Македонија може да им го понуди на овие производители, да ги повикаме и да ги поканиме да дојдат во нашата држава и да отворат производни погони. Да не дозволиме одлив на мозоци да останат обучените луѓе, учените луѓе кои што денеска масовно ја напуштаат нашата држава, изјави Мицкоски.

На овој начин покажуваме еден поинаков пристап дека државата се сака без разлика дали сте во опозиција или сте во владата. Но, она што денеска како опозиција го претставуваме ќе биде гарант за нив кога после 12 април 2020 година ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада во Република Македонија.


Од истата категорија