Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Битола.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Мицкоски ќе присуствува на почеток на реконструкција на зградата на поранешното кино „Партизан“ во Битола при НУ Народен театар Битола.

Вредноста на договорот е 96.000.000 денари, додека рокот на реализација е до декември 2026 година.

Предвидено е по настанот премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.

Денеска во Битола ќе биде одбележан и јубилејот на ВМРО-ДПМНЕ:

„Идеја што не запира, вредности што носат промени! 35 години ВМРО-ДПМНЕ, 132 години ВМРО“, објави лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата Христијан Мицкоски.

Денеска, во Битола, на Хераклеја Линкестис ќе се одржи прославата по повод 35 години од формирањето на најголемата политичка партија во Македонија, ВМРО ДПМНЕ.