Уште еден успешен ден во Давос, одржавме многу билатерални средби со мултинационални компании, кои што навистина многу значат во делот на мизинисот на светот, изјави вечерва премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.
Денешната панел дискусија во фокус на вештачката интелигенција.
-Имавме повторно успешен панел, повторно разговоаравме за двете теми кои се и клучни теми на овогодинешниот Самит во Давос, а тоа се вештачката интелигенција и сето она кое што ја придвижува таа интелигенција. Се разбира, дата центрите, дата на податоци и она кое што ги движи дата центрите, тоа е електричната енергија и струјата, истакна Мицкоски.
-Разговаравме со луѓето кои што нешто значат во светот на вештачката интелигенција, фирми кои што се водечки во делот на стопанисување и управување со дата центри, но и за предизвиците што значи и за колку треба да биде зголемено производството на електричната енергија во годините кои што следат.Од наша страна се разбира повторно зборував за проекти кои што за нас се значајни, проекти кои што опфаќаат производство на електрична енергија, проекти кои што опфаќаат подобрување на преносните капацитети на интерконекторите кои што пренесуваат електрична енергија и гас и сето она што претставува предизвик за нас како Влада, појасни премиерот.
Денеска за првпат пред соговорниците на панелот г презентирав и за нас клучните проекти, кои што периодот кој што следи, а тоа се Бошков мост и Чебрен и Галиште. Убеден сум дека истите привлекоа големо внимание кај голем број инвеститори кои што по завршување на панелот ми пристапија и разменивме контакти. Ги поканив да дојдат во Македонија, да ги презентираме потенцијалите со кои што располагаме, инвестициските можности и убеден сум дека овие проекти ќе бидат успешни, ќе додадат вредност на Македонија и че додадат и ќе додатат вредност на квалитетот на живот на македонските граѓани.
Продолжуваме со уште еден панел, претставување на инвестициските можности пред друга група на инвеститори, информираше Мицкоски.




