Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Игор Николов во Париз остварија средба со членовите на Францускиот Сенат Марта Де Сидрак и Арно Базин кој е и претседател на групата за Француско-Македонско пријателство.

На средбата се разговараше за актуелни теми и прашања поврзани со стратешките интереси на Република Македонија, како и за потребите за реформи и јакнење на заедничкото пријателство.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја афирмирал заложбата за напредок на планот на евроинтеграциите, како и ставањето на државата на брза патека што ќе подразбра итни реформи кој ќе ја извадат Македонија од слепата улица по која ја донесе актуелната Влада.

Мицкоски ја потенцирал цврстата определба за бескромпомисна борба против криминалот, и нултата толеранција за корупција. Воедно нагласил дека потребни се чекори кој ќе доведат до економски напредок и подобрување на стандардот на граѓаните. За жал денес имаме состојба во која главна пречка за правдата е премиерот на државата, истакнал Мицкоски, додавајќи дека потребно е ослободувње на правосудниот систем од политичките стеги и владеење со правото.

Обновата за која се залага ВМРО-ДПМНЕ се однесува на промени кон подобро во сите сфери и области, спроведување на политика базирана принципи и вредности, истакнал на средбата Мицкоски.