Прв работен ден и веќе започнуваме со исполнување на нашите ветувања! Денес во Штип поставивме камен-темелник на Спортскиот центар, проект финансиран благодарение на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, истакнува премиерот Христијан Мицксоки.
-Ова е само почеток на нашите напори да ги исполниме ветувањата за кои се обврзавме пред граѓаните.
Заедно со градоначалникот и министерот за здравство го посетивме и местото каде оваа есен ќе започне да се гради новата Клиничка болница во Штип. После долги години стагнација, конечно започнуваме со изградба. Тендерот е подготвен и се чека мислење од Министерството за финансии. На пат кон Скопје ќе разговарам со новата министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, за да го започнеме овој процес.
Наша цел е да покажеме дека зборовите ќе ги претвориме во дела. Македонија ќе ја биде и заедно можеме многу повеќе!
За Тебе! Продолжуваме!, пишува Мицкоски на Фејсбук.