МИЦКОСКИ ЗА 1ТВ: Денеска полицијата апси 17 годишни деца, а вие ми зборувате за заробена држава! Опседнати сте со Груевски!

/ 27.02.2019

-Зоран Заев формираше влада, тим. Таа влада позади себе имаше програма и ветуваше многу. Но она што го гледаме од Зоран Заев не само што ненаправи ништо, туку ја влоши и дополнително ситуацијата во државата, изјави вечерва Мицкоски во интервју за 1ТВ.

На скалата на „Транспаренси“, нагласи Мицкоски, сме неколку места подолу на скалата за корупција, дали сме на скалата рамо до рамо со Свазиленд и Танзанија, наместо да се стремиме барем до една Хрватска, Словенија и Унгарија, Словачка и Чешка.

-Можеме да разговараме и за тендерите кои што се прават во четири очи, како претходно се укина Советот за јавни набавки кој што колку толку беше едно тело кое што обезбедуваше транспарентност и мониторинг на целокупната државна апаратура како спроведува тендери. Јас не можам да се изразам да речам се украдоа неколку милиони но ги разбирам, на луѓето им требале тие средства. Таков речник од лидерот на опозицијата не можете да го слушнете, посочи Мицкоски.

Тој нагласи дури дека имаме случка кога фирма во здравство се формира за да добие тендер, а тоа не би му текнало ниту на Ал Капоне.

Осврнувајќи се на денешните приведувања на членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски нагласи:

-Денеска полицијата апси млади луѓе 17 годишни луѓе, кои што да дел од нив и се активисти на ВМРО-ДПМНЕ, само затоа што напишале графит. И вие ми кажувате за заробена држава. Ама гледам дека вие премногу сте опседнати со Груевски. Требаше Никола Груевски да го викнете во емисија, констатираше Мицкоски.

Во врска со договорот со Грција, тој истакна:

-Јас во неколку наврати договорот со Грицја го нареков капитулација, и тоа е капитулација на македонската нација и македонската држава!

Мицскоски посочи дека периодот бил во Брисел каде имал средба со сестринските партии, со многу европратеници и разговарале за ситуацијата во Република Македонија. Имено додаде дека не можел да поверува оти заевизмот до толку ќе земе замав во државата.

-Оние три збора кажувам, заборавам, негирам, земаа таков замав да тоа кое само пред година ипол изгледаше незамисливо, дека некој македонски политичар може да потпише ваква капитулација, рече Мицкоски и додаде:

„За жал двоецот Димитров- Заев, патронот на заевизмот практично успеа да го направи и да ја потпише оваа капитулација за македонскиот народ“.

Мицкоски се осврна и на аферата со прислушувањето во судството:

„Народот тешко живее. Македонија е во пранги. Македонија е заробена држава. Македонија нема реформи во судството. Македонија нема реформи во обвинителството. Ни се случува да ни се преслушкуваат судии и обвинители и месеци потоа да нема разврска. Никој од вас не прашува каде се наоѓаат тие снимени материјали, кој ги поседува, кој ги преслушкува, истакна Мицкоски.

Тој додаде и дека јавен обвинител на прес конференција изјавил дека биле преслушкувани јавни обвинители од 2016 до 2018 година, потенцирајќи дека и тогаш и сега министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски.

Сега го откривме скандалот, поминаа неколку месеци потоа каде се материјалите, праша Мицкоски.


Од истата категорија