За настанот кога викендов беше приведен српскиот фолкер Аца Лукас, премиерот Мицкоски бил запознаен од лицата од неговиот кабинет, по завршување на случувањата.
Прашан за коментар откако пејачот и неговиот менаџер го обвинија за скандалот, премиерот вели дека некој сака да прави естрада.
-Мислам дека не треба многу внимание да му се посветува на ова. Јасни се законите, јасни се правилата, секој мора да ги почитува. Многу строго и внимателно ќе ги следиме однесувањата на ваков тип на естрадни уметници и нивни менаџери, порача Мицкоски.




