Арсовска треба да објасни што значи „шпицен градоначалник“. Нејзе треба да ја прашате. Тврдо е да се каже дека објавена е војна. На нејзината маса се наоѓа програмата за модерно Скопје. Се што ќе се најде на седница на Советот, сите проекти и политики ќе ги поддржиме. Се што е надвор од тој концепт, жестоко ќе го критикуваме. Јас можам да ја поддржам само да работи во интерес на граѓаните на Скопје, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски после жестоката реторика од страна на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.
Во однос на поддршката за градоначалничката, Мицкоски верувал дека капацитетот на луѓето надвор од политичките партии, може да биде додадена вредност.
– Војна е претежок збор. Ќе ја потсетиме за заборавените проекти. Непријатно е јас да кажувам зошто така ме нападна. Ќе ја повикате во студио и ќе ја прашате. Мислам ВМРО-ДПМНЕ има неколку искусни советници и таа дебата може да биде повеќе плодна, имаме и претседавач. Јас сакам да кажам за да имате подобра дебата, да повикате некој од советниците и претседателот на Советот – кажа Мицкоски во емисијата „Клик плус“.
Според него, одлуката за да се поддржи Арсовска на локалните избори била едногласна во ВМРО-ДПМНЕ и се донела со консензус на Централниот комитет на партијата.