„Јас ви гарантирам без разлика на демантите на раководството на УЈП дека таму е правен противзаконски поврат на ДДВ со користење и злоупотреба на фиктивни фактури и книжења без да се направи проверка на тоа што се побарува од државата“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашната емисија „Топ тема“ на Телма телевизија.
„Последниот случај што е кај мене дојден, тоа е само оној случај за фирмите две од Липково поврзани со еден правен субјект, со бензински пумпи во североисточна Македонија и Скопје. И тоа е само еден од случаите отуѓени на косовски државјанин кој што никогаш не сме го виделе откако ја презел таа фирма“, појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има многу информации за многу други фирми и тие се објавуваат деновиве на прес конференции.
„Имаме многу други фирми кои што деновиве ги објавуваме на прес конференции. И верувајте дека тоа што го тврдиме е точно“, нагласи тој.
Мицкоски посочи дека штетата на Буџетот е неколку десетици милиони евра.
Во однос на изјавите на О`Брајан изјави дека тие се внимателно анализирани исто како шамарите во М-НАВ, редиците за лични документи и посочи дека додека е тој претседател на ВМРО-ДПМНЕ, уставни измени вакви какви што се нема да има.
– И правата и втората изјава на господинот О`Брајан внимателно ги слушав и анализирав, исто како што внимателно ги анализирам и изјавите на друте претставници на меѓународната заедница и дојдов до заклучок, а тој е дека кога О`Брајан слета на скопскиот аеродром, на отприлика 500 метри од пистата, високи активисти на ДУИ неколку недели претходно делеа шамари. И се обидов неговата изјава во контекст на тие што имаат план за Европа да ја ставам во овој контекст, каде активистите на ДУИ меѓу кои и претседател на огранок, влетаа и направија упад на стратешки објект, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека не може да се стави знак на равенство на вакво однесување во М-НАВ и како треба европски да ја развиваме Македонија.
– Исто анализирајќи ја изјавата, на некои 500 метри од каде што ја даваше изјавата, луѓе буквално со нечовечки маки дневно со саати чекаат за патна исправа, потенцираше Мицкоски.
Во однос на уставните измени, Мицкоски најдиректно кажа дека вакви какви што се уставните измени никогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласа додека сум е тој претседател.
– Македонија и македонскиот народ за тој пат кон ЕУ дадоа многу, име, знаме, банкноти, знаме, Устав, време е меѓународната заедница да почне да испорачува. Македонија тие што ја претставувале прифатиле нешто што не може да испорачаат, зошто не не вклучија во процесот и ќе им беше јасно дека ова не може да помине, ќе излезеше француски предлог плус каде ќе бевме убедени дека има предвидливост дека меѓународната заедница ќе и дозволи на Македонија да тргне на патот кон ЕУ, но тоа не се случи. Мислеа дека ќе стават потпис и ќе останат на власт, а Македонија не доби ништо, нагласи Мицкоски.