При денешното гостување на ТВ Сител претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со најавената енергетска криза илустрираше преку фотографии дека празни се депониите со јаглен пред грејната сезона, рударските машини се потпени од дождовите, а Владата ќе увезувала јаглен од 50 милиони евра, кои Заев ги кажувал како да се негови, а тоа се пари од граѓаните и тие ќе го платат лошото менаџирање на власта со компанијата.
-Влез во цената на секој производ кој го користат граѓаните е електричната енергија помалку или повеќе кај некого е 5%, кај некого е 90% и логично е доколку тој влез е поголем и ако таа е поскапа, производот за граѓаните ќе биде поскап. Ако лебот чини 25 денари, а електричната енергија до пред ова покачување чинела 10%,сега ќе чини 20% односно 10 % повеќе и лебот ќе биде поскап, нема да биде 25 денари, ќе биде 27,5 денари, тоа е пропорционално и на тој начин ќе биде намален стандардот на граѓаните, а ќе биде инфлацијата зголемена, а тоа е се така затоа што ние немаме домашно производство, односно немаме производство на кое можеме да се потпреме, објасни Мицкоски.
Мицкоски ја илустрираше со фотографии како изгледа на почеток на грејната сезона празната депонија во РЕК Битола и истакна дека ова на фотографиите треба да биде полно со јаглен, а тоа е така затоа што рударската опрема е удавена, односно потопена од овие дождови.
-Не копаме јаглен, а ни ја продаваат приказната во јавноста дека ќе увезуваме јаглен од Косово и еве го тендерот, според него вкупно бараат милион и двесте илјади тони, триста илјади за РЕК Осломеј, деветстотини илјади за РЕК Битола, тоа значи дека за да еден ден работи РЕК Осломеј како што е инсталиран се потребни 300 камиони јаглен за да тој работи, а во Битола таа потреба е три пати поголема, во Битола требаат најмалку 1000 камиони на дневна основа, само за еден блок да работи му се потребни 500-ни камиони, објасни Мицкоски.
Мицкоски вели дека за да се исполни она кое власта сака да го направи со увоз на јаглен се потребни најмалку 1300 товарни возила секој ден, во следните три месеци, а вчера премиерот вели дека се обезбедени 50 милиони евра од Буџетот.
-Од каде се овие 50 милиони евра од џеб ги дава Заев, тоа се пари на граѓаните, а вели дека обезбедил од Буџетот, кој тоа обезбедил, од несовесно работење ја доведоа компанијата да се дават рударските машини, да нема ископ на јаглен во Битола и да мора да увезуваме јаглен и сега тој вели имаме 50 милиони, не, имаат граѓаните, нема тој, тоа се нивни пари, посочи Мицкоски.
Тој истакна и дека власта не ја кажува вистината за инфлацијата и енергетската криза која следува, додека народот го чувствува тоа по џебот, а власта нема никаков план.
-Владата прави политичка естрада за потребите на локалните избори и не ја кажува вистината, но вистината ја кажуваат министерството за финансии, НБРМ, а што е најважно и ММФ предвидува дека оваа година во Македонија ќе има два пати поголема инфлација од таа која што беше претходно планирана – истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека ако граѓаните појдат во продавница и видат какви се цените и тоа споредбено со лани колку чинеле истите артикли како брашното, лебот, млеко, но и бензините кои се како последица на зголемената акциза заради тоа што владата имаше проблем со ликвидноста на Буџетот, па се од ова е поскапено за разлика од претходната година.
-Тоа е увезена и домашна инфлација, збир од две состојби кои во моментов создаваат сериозен проблем и сериозни поместувања на економијата,а тоа ќе продолжи Владата нема да го признае, затоа што тоа е политичка естрада за потребите на локалните избори, а реалноста е сосема поинаква и дополнително на сево ова настапува и енергетската криза не само во Македонија, секаде во Европа – рече Мицкоски.
Мицкоски критикуваше дека Македонија е единствена држава чија Влада во моментов нема никаков план за енергетската криза и инфлацијата, а граѓаните тоа го чувствуваат на сопствениот џеб.