Јас не можам да бидам егзибиционист и да користам реторика која не доликува во јавноста, како определени личности кои што се присутни на политичката сцена во Македонија. Иста така во оваа кампања нема да користиме буквално напади, ниту ниски страсти, ниту мизерни навреди, ниту лаги ниту шпекулации, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ Алфа.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна кампања, коментирајќи ги навредите и говорот на омраза од страна на СДСМ како примитивизам, односно како што рече тој СДСМ и покрај сиот поткуп, уцени и закани се уплашени и чувствуваат голем страв бидејќи знаат дека тоа нема да им помогне.

Ќе се обидеме да се претставиме пред граѓаните што ние доколку ја добиеме довербата планираме да направиме. Ако мене ме прашате зошто они одбраа таков начин, претпоставувам еден таков совет имаат од скапо платените агенции кои што прво ги плаќа владата за потребите на владата, а потоа ги користи партијата за потребите на партијата, бидејќи истите тие тројца ликови се вртат и во влада на Илинденска и горе во Бихаќка во седиштето на СДСМ. Тие одбрале такви напади на мизерна кампања, на примитивизми, на навреди, ниски страсти, лични напади и они мислат дека тоа е така. Но јас не мислам така, јас мислам дека се премногу уплашени и чувствуваат голем страв, знаат дека на овие избори и сиот поткуп, закани, притисоци кои што ги прават нема да им помогне, вели Мицкоски.

Ние одиме со позитивна кампања да мобилизираме што повеќе гласови. Гласови кои што че се определат за програма, за надеж, за визија, за иднина, наспроти да слушаат кој бил разведен или не бил разведен, кој имал или немал деца, кој бил виден или не бил виден со овој или оној. Ние се одлучивме да водиме позитивна кампања, да нудиме надеж, иднина, проекти булевари, улици, спортски објекти, реновирани училишта, реновирани градинки, субвенции за нови работ места, гасификација, здрава животна околина и тоа е она што им недостасува на граѓаните, истакна Мицкоски.