Запрашан за коментар за изјавата на премирот Ковачевски според кого барањето за референдум било нерелевантно, Христијан Мицкоски, денеска при посетата на Тетово по повод општинските изборите кои ќе се одржат на 20 август, изјави:

-Тој рече дека барањето е нерелевантно. Само нелегитимен прмеиер кој што е поставен на начин на кој е поставен, може гласот на народот да го смета за нерелевантен. А колку е тој релевантен ќе види на 20 август во Тетово кога советничката листа на СДСМ ќе доживее класичен дебакл, а на следните предвремени парламентарни избори тој и неговите политики ќе доживеат дебакл од страна на граѓаните на РМ. Немам што повеќе да додадам за таа изјава освен што за 20-тина дена од денеска и тоа како гласно ќе одекне гласот на народот во Тетово, а потоа и насекаде низ Македонија. А, Ковачевски како нелигитимен премиер ќе слушне што има народот да каже.

-Тој и власта бегаа кога требаше да се соочат со своите колеги од опозицијата кога се гласаше за доверба на Владата, а бегаат и сега од соочување со граѓаните на референдум. Консултациите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги прави течат, многу скоро веќе на следната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе разговараме на оваа тема, но и многу скоро од денеска јавноста ќе ги знае нашите чекори кон референдумското изјаснување – изјави Мицкоски.