Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип го искоментира барањето на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев да се исклучи партијата ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија.
–Не е април. Тоа би била добра првоаприлска шега, рече Мицкоски.
Ја информиравме Европската народна партија за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и ќе побараме да се иницира процедура за исклучување на таа партија од ЕНП“, изјави за БНТ европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев.