Христијан МИЦКОСКИ
Иако дното со Заев и оваа власт во заминување е одамна пробиено, сепак вредно е да се напомене дека во овие моменти на изразена паника кај власта од претстојниот пораз ширењето на лажни вести е веројатно единственото на кое оваа власт е посветена. Наместо да решаваат проблеми, тие се посветени на крадење и ширење лажни вести. И кога не би биле лажните вести кои тие ги креираат како што е оваа, ќе требаше да се збори за посуштински прашања за граѓаните, како на пример тоа што Заев направи грабеж на бизнис секторот со прогресивниот данок, и сега привремено ја стопира оваа штетна мерка, тоа што го пуштија да избега убиецот на Нешкоски, за сомнежите за криминал и рекет, за бегањето од избори и мал милион скандали на оваа арамиска власт. И додека разно-разни советничиња на премиерот имаат усти полни со демагогија за лажните вести, тие во позадина се нивните главни креатори. Паѓаат во вода сите нивни квази стратегии платени со народни пари. Нивното препелкање е нивната нервоза затоа што ја немаат поддршката од народот. Но ваквите нивни потези мене не ме вознемируваат, напротив ме мотивираат да продолжам во правилната насока. Сакам да им порачам, додека ги трошат жолтиците од рекетот, цинично се смеат и меѓусебно се храбрат дека еве го изнервираме реагираше, јас уште посилно ќе продолжам да се борам се додека со народот конечно не ги поразиме и пратиме во политичка пензија, но потоа ќе следи одговорност. Не ја навредувајте интелегенцијата на народот.
ПС: молевте и коленичевте за фер однесување, но уште еднаш покажавте дека за Вас не постојат принципи, ниту збор, тогаш подгответе се за кошмарот кој сами го создавате, и тој не е исполнет со лажни вести туку со факти и аргументи. И да, не заборавајте, овој народ ја сака вистината!