Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Твитер го искоментира соопштението на СДСМ во кое тој и Груевски се посочени како виновници за скандалот со нелегално прислушување на Обвинителството.
„Колку очигледно фали Мијалков во соопштенијата на СДСМ за прислушкувањето на ЈО. А каде се Грујоски и Бошковски, колку очигледно фали тука крикот на Димитров за нивна екстрадиција од Грција. Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?“, напиша Мицкоски.