Од тоа што сум информиран од пратеничката Рашела Мирзахи работата би требало некаде да кулминира кон крајот на следната недела, во петок, изјави истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од населено место Орман при одговарање на новинарско прашање за скнадалот на Онкологија.
– Утрово имавме подолг разговор на таа тема. Од она што можам накратко да заклучам дека одговорните требало да знаат што се случува, а не знаеле, рече Мицкоски.
Тој додаде дека пациентите требало да добијат соодветна терапија, а не ја добиле.
-Некој ги прекршил законите и овластувањата. Некој правел криминал на сметка на смртта на луѓето. Тоа кое што требало МВР да го истражи изминативе години. Овој скандал почнува од 2019-тата година. И не само што не го истражува, туку се обидува и да го заташка, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочи дека некој свесно или несвесно системот за контрола го прекинал.
-Има многу, многу непрецизности, недоследности, многу основани сомневања за криминал, многу основани сомневања за прекршени овластувања. И ценам дека резултатот од сето ова ќе биде навистина поразителен, нечовечки, нехуман. И ако оваа Влада не се зафати со озбилна одговорност, тогаш јас ви ветувам дека следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе темелно, бидејќи сега веќе имаме сериозни индиции и докази за тоа што се случувало, темелна истрага и тука ,мора да има одговорност, потенцира Мицкоски.