По кој знае кој пат, продолжувајќи го лажниот и веќе патетичен наратив на СДСМ, нивниот прв човек Венко Филипче, очигледно збунет мислејќи дека ова е времето кога неговиот ментор Заев „палеше и гасеше“ во распупеното судство и обвинителство, како на расипана лента и во собрание на пратенички прашања го праша премиерот Христијан Мицкоски „зошто не дозволува декласификација на материјалите од прислушкувањето кога бил лидер на опозицијата“, со заштита на идентитетот за да се види дали имало или немало злоупотреба на Агенцијата за национална безбедност и дали треба некој да одговара.

– Се мислам дали да одговорам на еден или на друг начин, но во суштина ќе ви кажам дека повторно некој ве носи во длабоко. Не знам зошто го дозволувате ова во континуитет, сепак сте претседател на се уште најголемата опозициска партија и не ми е се уште јасно зошто дозволувате континуирано некој во длабоко да ве носи. Што мислите вие дека јас ќе излезам овдека од егзибиционистички причини и ќе кажам дека некој тоа го правел па за да добијам внимание, да дефокусирам тема, или, еве ќе видите со тек на време ќе видите, рече Мицкоски од собраниската говорница на седницата за опозициски прашања.

Ако Обвинителството си ја врши работата како што треба да ја заврши, потенцира премиерот, ќе видите како биле следени и кој бил следен во двете служби, кој ги пишува оние писма до медиумите, зошто ги пишува тие писма до медиумите, кои се мотивите за сето тоа…

– Јас не сум тој којшто дозволува да се класифицира или да не се класифицира, господине Филипче. Има други институции коишто тоа го прават, не јас. Јас само го коментирам тоа што го кажуваат во јавност. И нормално е како претседател на Владата да добивам извештаи од страна на тие институции, нормално е од безбедносните агенции, и нормално е да знам што пишува внатре, бидејќи сум носител на сертификат за највисока државна тајна, рече Мицкоски.

Според премиерот, тоа што се случувало не е од сега, туку во континуитет години наназад, и во едната и во другата служба имало луѓе кои се занимавале со полицијата.

– Некои други пак креирале вештачки белешки за некои луѓе да завршуваат во притвори, невистинити белешки, итн. вие ги праќате тие луѓе по светот да бидат аташеа итн. Јас нема да навлегувам во деталите. Претпоставувам Обвинистелството, но исто обвинителот којшто вие не дозволивте овдека да биде сменет, бидејќи изгласан од мнозинството на ДУИ и СДСМ, претпоставувам ќе се однесува јавнообвинителски во интерес на правдата, во интерес на вистината и ќе дозволи декласификација или пак незнам што веќе таму по правните правила е на ред да го направи тоа и да излезе, кажа Мицкоски.