Јавниот обвинител Љупчо Коцвски имаше доволно време да се покаже како бескомпромисен борец за правдата, за жал таа доверба не ја оправда, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по одлуката на Владата за негово разрешување.

-Имаше тој доволно можност да се размавне, да се покаже како бескомпромисен борец за правдата и против оние случаи каде што има основано сомнение за сторен криминал, но очигледно дека барањето изговори и купувањето време се нечија карактерна особина, така што мислам дека имаше тој доволно време да покаже, за жал таа доверба не ја оправда и сега владата почнува еден процес, денеска бев во Парламентот, тој процес е започнат, Парламентот ќе заврши, изјави премиерот.

Мицкоски додаде дека чесно би било Коцевски самиот да се повлече од функцијата за да се скрати периодот за избор на нов јавен обвинител.

-Мислам дека чесно и доблесно од него би било самиот да се повлече, да можеме да го скратиме овој период, да можеме да избереме обвинител кој што ќе биде бескомпромисен борец против криминалот и корупцијата во Македонија, додаде Мицкоски.