Добрососедски односи со Бугарија, и продолжување на интегративниот процес кон ЕУ на достоинствен начин до крајот на годинава.

Ова се очекување на премиерот Мицковски, коментирајќи ја вчерашната средба Радев-Сиљановска, на која бугарскиот претседател истакна дека тонот на соработка и пријателство на македонската претседателка треба да го следи и македонската влада.

„Ние се трудиме да градиме мостови со сите соседи. Не знам каков бил речникот на средбата, знам дека средбата поминала пријателски во добра атмосфера. Нашите аргументи се немилосрдни. Добив информација дека тие аргументи се презентирани на таа средба. Истото она што ние го правиме со нашите стратешки партнери му е предочено на господинот Радев и очекувам дека навистина ќе бидеме добри соседи и дека ова е навистина двонасочна улица и дека навистина до крајот на оваа година ќе можеме и ние да продолжиме со нашиот процес на достоинствен начин“, изјави Мицкоски.

Сиљановска вчера оствари средба со Радев на маргините на Конференцијата за климатски промени во Баку, Азербејџан. Се разговарало за потребата од унапредување на македонско-бугарските односи, и надминување на отворените прашања меѓу двете држави.

Сиљановска го оцени разговорот како конструктивен, а изрази и позитивен став за улогата на Радев во бугарската политика, посочувајќи ја неговата стабилност.