Лидерот на опозицијата кој денеска беше во посета на семејство во тетовско, кое остана без свој близок во трагедијата во тетовската монтажна болница, рече дека не очекува објективна истрага, а наведе дека одговорност и казни треба да има.
-Додека министерот за здравство и неговиот заменик се таму каде што се, додека овие луѓе ја водат Владата, не очекувам непристрасна истрага. Многу е јасно, објектот немал дозвола за употреба, а е пуштен во употреба. Треба ли уште повеќе да зборуваме? Овде треба кривична одговорност, овде треба десетици години затвор за тие што го дозволиле тоа. Каква истрага е потреба, за што зборуваме ние? Имаме објект кој нема дозвола за употреба, а е пуштен во употреба. Немаме инсталација за противпожарна заштита. Што треба истрагата да констатира? Еве јас сум инженер, констатирам, универзитетски професор сум. Што треба да констатираме повеќе, не знам што треба да констатираме повеќе, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.